Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
Граѓанин (физичко лице)

Брзо и едноставно, со телефонско јавување на бесплатна инфо линија 0800 33 000, секој граѓанин може да изврши промена на адресните податоци, телефонскиот број и е-пошта кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП.

Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, граѓаните можат да ја користат услугата со ПИНКОД, кој е задолжителен за идентификација и за промена на нивните адресни и контакт податоци во УЈП.

Како да пријавите промена на податоци во УЈП преку телефон?

1) Граѓанинот при првото јавување на бесплатната инфо линија на УЈП 0800 33 000, задолжително треба да се идентификува со име и презиме, Единствен матичен број (ЕМБГ), старата адреса и број на едно од наведените типови на даночни решенија издадени од УЈП во последните две години, и тоа:

  • Даночно решение за утврдување на годишен персонален данок на доход;
  • Даночно решение за паушално утврден приход од вршење на (самостојна/занаетчиска) дејност;
  • Даночно решение за паушално утврден приход на земјоделците од основна/дополнителна дејност; или
  • Даночно решение за утврдување на аконтација на данок на доход на приходи од имот и имотни права.

2) По постапката за идентификација, граѓанинот ја соопштува промената на адресните податоци, односно новата адреса, при што ќе добие ПИНКОД, кој ќе може да го користи за вршење на промени на адресни податоци во иднина.
За доделениот Пинкод, граѓанинот ќе биде известен преку телефон во моментот на првото јавување или преку е-пошта доколку поседува или ќе добие известување од УЈП преку пошта.

3) При следната промена на адресни податоци, граѓанинот за идентификација, на Даночниот оператор
задолжително му го соопштува името и презимето, Единствениот матичен број (ЕМБГ), ПИНКОДОТ и
старата адреса на живеење.

Користењето на оваа услуга ви овозможува заштеда на време и трошоци за пријавување и ажурирање на вашите адресни податоци за даночни цели во УЈП.
Точните адресни податоци и пријавување на истите од страна на граѓаните се важни заради навремено информирање и доставување на даночните акти на вистинската адреса од страна на УЈП, со што се избегнува настанување на долгови и пресметување на камати поради непријавени и неажурни адресни податоци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија