Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Директор на Управата за јавни приходи

     

 

м-р ЕЛЕНА ПЕТРОВА
Дата на раѓање: 1972 година
Националност: Македонка
Брачна состојба: мажена, мајка на едно дете
Официјален е-маил: Elena.Petrova@ujp.gov.mk
www.linkedin.com/in/elena-petrova-56a790210

КРАТОК ОПИС

Компетентен професионалец со 25 години кариера во Управата за јавни приходи на Република Македонија – УЈП.

Големо искуство во функциското управување и развојот на капацитетите на УЈП:

  • Искуство во управување со основните даночни функции и сегменти на даночни обврзници / над 15 години на високи раководни позиции
  • Стручно познавање на деловните процеси и методологии на даночната администрација и даночните регулативи (Закон за даночна постапка и даночни закони)
  • Искуство како проект-координатор во реформски проекти за подобрување на процесите во даночната администрација, како и за поедноставување на даночните обврски и подобрување на услугите за даночните обврзници
  • Особено достигнување во креирањето, развивањето и имплементирањето на системот „е-ПДД” со поедноставена процедура за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход, 2016-2018 година
  • Особено достигнување во градењетото на капацитетите на УЈП за спроведување на концептот „бруто плата” и воспоставувањето на системот за интегрирана наплата на персоналниот данок на доход и социјалните придонеси, 2008-2009 година
  • Особeно достигнување во формирањето на Дирекцијата за големи даночни обврзници и нејзиниот старт со целосен оперативно-функционален капацитет во 2006 година

Длабинско разбирање на меѓународните добри практики и клучните компоненти на системот на современи даночни администрации:

  • Професионални вештини за спроведување на TADAT проценка на даночната администрација (Tax Administration Diagnostic Assessement Tool) - www.tadat.org
  • Професионални вештини поврзани со институционално управување, менаџирање и поддршка во администрацијата за јавни приходите, стекнати преку IMF Institute www.iota-tax.org/vitara-e-learning
  • Студиски посети на администрации за јавни приходи во 9 земји
  • Учество на 10+ работилници, семинари, конференции и други настани организирани од меѓународните организации ИОТА, ФИСКАЛИС, Светска Банка, ММФ, ЦЕФ итн.

Осум години искуство во приватен сектор

  • Финансиско сметководство
 
РАБОТНО ИСКУСТВО

Директор

  • Управа за јавни приходи
    јули 2024 –

Раководител на Сектор

  • Управа за јавни приходи – Генерална дирекција – Сектор за наплата и управување со долгови
    јуни 2024 – јуни 2024 / 1 месец

Дополнителен заменик на министерот за финансии

  • Министертво за финансии
    февруари 2024 – мај 2024 / 4 месеци

Раководител на Сектор

  • Управа за јавни приходи – Генерална дирекција – Сектор за наплата и управување со долгови
    август 2017 – јануари 2024 / 6 години 6 месеци

Раководител на Сектор

  • Управа за јавни приходи – Генерална дирекција – Сектор за утврдување и наплата на даноци
    март 2013 – јули 2017 / 4 години 5 месеци

Управник на Дирекција

  • Управа за јавни приходи – Дирекција за големи даночни обврзници (ДГДО)
    септември 2006 – март 2013 / 7 години 6 месеци

Раководител на Оддел

  • Управа за јавни приходи – Генерална дирекција – Сектор за оперативна политика и едукација
    јануари 2001 – август 2006 / 5 години 8 месеци
Раководител на Даночно одделение
  • Управа за јавни приходи – Даночно одделение Свети Николе
    април 1999 – декември 2000 / 1 година 9 месеци
Ател ДООЕЛ Св.Николе
  • Сопствен / фамилијарен бизнис
    јули 1990 – март 1999 / 8 години 9 месеци
 
ДРУГИ РАБОТНИ АНГАЖМАНИ

Заменик претседател

  • Работно тело за имплементација на Даночен информациски систем во УЈП
    мај 2023 – јануари 2024
    Опис: Работното тело е формирано во согласност со Законот за Управата за јавни приходи за имплементација на интегриран Даночен информациски систем на УЈП, со задача за: редизајнирање на деловните процеси со цел за намалување на ограничувањата, времето и трошоците на даночната администрација и даночните обврзници; воведување дигитални солуции – апликации за автоматизирање на деловните процеси и услугите на даночните обврзници со цел осигурување повисоко ниво на конзистентност; алгоритми за обработка на масовни податоци и воведување „деловна интелигенција” со цел зголемување на предвидливоста и носење информирани одлуки.

Проект-координатор

  • Проект „Центар за извонредност во УЈП”
    јуни - декември 2022
    Опис: Проект на Управата за јавни приходи за воспоставување Центар за извонредност во делокругот на попис, процена, заплена и продажба на движни предмети и недвижности во постапка за присилна наплата на заостанат даночен долг

Член на Управен одбор без право на глас

  • Проект „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач”
    септември 2021 – април 2023
    Опис: Проект на МТСП со поддршка на ЕУ за воведување на Гарантен фонд за исплата на побарувањата на вработените лица (неисплатени плати и др.) при отворање стечај на работодавачот, согласно ЕУ директивите (дизајн на систем и утврдување на обврски и одговорности на вклучените страни/органи)

Проект-координатор и член на Управен одбор

  • Проект „Поедноставување на постапките за оданочување на граѓаните” (е-Персонален / е-ПДД)
    декември 2016 – јуни 2018
    Цел: Проект на УЈП со поддршка на ЕУ за редизајнирање и автоматизација на постапките за пресметување и плаќање на ПДД, преку воспоставување на услуга за олеснување на пресметувањето (веб портал) и услуга во постапката за плаќање – електронски налог за плаќање до банка; Поефикасен процес за наплата на задолжителните давачки - едновремена и нераздвојна уплата на данокот со исплатата на нето износот за сите вработени (бруто концепт), пријавување, утврдување и плаќање на даночната обврска во реално време, зголемување на опсегот за плаќање на данокот по одбивка и сл.

Проект-координатор за Управа за јавни приходи

  • Проект „Интегрирана наплата на социјалните придонеси и концепт - бруто плата”
    август 2008 – декември 2009
    Цел: Заеднички проект на МФ, МТСП, УЈП, ФПИОМ, ФЗОМ и АВРМ за интегрирање и автоматизација на постапката за пресметување и плаќање на социјалните придонеси и ПДД на плата, преку воспоставување на клиентски софтвер и за поднесување на МПИН пресметка и услуга во постапката за плаќање – електронски налог за плаќање до банка; Поефикасен процес за наплата на задолжителните давачки - едновремена и нераздвојна уплата на придонесите и данокот со исплатата на нето износот за сите вработени (бруто концепт) и консолидирање на надлежностите на УЈП (контрола и одобрување на пресметката, евиденција, наплата и др.) и на социјалните фондови (остварување на правата на осигурениците); Зајакнување на социјалната сигурност на вработените лица.
 
ОБРАЗОВАНИЕ

Факултет за психологија – Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин”

  • Последипломски студии за клиничка и советодавна психологија
    октомври 2014 – април 2018
  • Магистар на психологија

Економски факултет – Универзитет „Св.Кирил и Методиј” – Скопје

  • Насока Деловна економија
    октомври 1990 – јуни 1995
  • Дипломиран економист

Училиште за средно насочено образование „Кочо Рацин” – Св.Николе

  • Правна насока
    септември 1986 – јуни 1990
 
ЛИЦЕНЦИ И СЕРТИФИКАТИ

IMFx Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Контрола

IMFx Сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Управување со ризик на претпријатие

  • Положен курс
    мај 2024

IMFx Сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Управување со учиноци

  • Положен курс
    декември 2023

IMFx - Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Управување со ризици на усогласеност

IMFx Верификуван сертификат за RA-GAP VAT Модел за процена на ДДВ јаз

Уверение за овластен сметководител

  • Издаден од: ИСОС – Институт на сметководители и овластени сметководители на РМ
    декември 2022, неограничена важност
    Број 0110306

IMFx Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Управување со човечки ресурси

IMFx Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Основи на реформскo управување – Поставување реформска програма

IMFx Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Специфични прашања за реформско управување – Управување со реформска програма

IMFx Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Стратешко управување

IMFx Верификуван сертификат напредна администрација за јавни приходи – Организација

MFx Верификуван сертификат за напредна администрација за јавни приходи – Институционално управување

Сертификат за обучен за ТАДАТ (TADAT learned)

  • Издаден од: TADAT Secretariat
    мај 2020, неограничена важност

Уверение за овластен сметководител

  • Издадено од: Министерство за финансии на Република Македонија
    април 2013, важност до април 2015
    Број: 11-6936/2
 
ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ

Законодавна и регулаторна околина за администрирање на даноци

  • Напредно и експертско познавање на даночната регулатива – Закон за даночна постапка и даночни закони (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход, придонеси од задолжително социјално осигурување)
  • Корисничко или основно познавање на друга поврзана регулатива (платен промет, стечај, трговски друштва)

Функционални процедури во даночна администрација

  • Напредно и експертско познавање на даночната постапка и дизајнот на работните процеси во даночна администрација (даночен регистар, обработка и верификација на даночни пријави, даночна евиденција/даночно сметководство, процена/утврдување на данок, наплата и управување со даночен долг, услуги на даночни обврзници и др.)
  • Напредно познавање на методологиите и пристапи за работа со даночните обврзници (методологии за контрола, кооперативни аранжмани, информирање, помош и комуникација и др.)

Организациски менаџмент во даночна администарција

  • Обучена за организациско управување, управување со ризиците на усогласеност, управување со учинок, управување со човечки ресурси, управување со корпорациски ризици во даночна админситрација

Пристапи за модернизација и реформи во даночна администрација

  • Напредно познавање на меѓународни добри пракси и клучните елементи на системите на современите даночни администрации
  • Обучена за дијагностичка процена на даночна администрација
  • Обучена за стратешко планирање и стратешко управување; управување со реформски програми и проекти поврзани со даночна администрација

Други технички вештини

  • Финансиско сметководство
 
СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

Англиски јазик

  • Ниво B2 по Заедничката европска референта рамка за јазици (CEFR)
  • Извештај за резултат од Aptis General тест издаден од British Council и Центар за странски јазици Скопје,
    јуни 2024, неограничена важност

Српски јазик / Хрватски јазик

  • разбирање (слушање, читање): умешно користење
  • зборување (интеракција, говорење): самостојно користење
    пишување: умешно користење
 
 
ДРУГИ ВЕШТИНИ
  • Аналитички вештини и интерпретирање на податоци поврзани со даноците
  • Менаџерски и лидерски вештини
  • Организациски вештини
  • Комуникациски вештини
  • Компјутерска писменост (Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
 
ПУБЛИКАЦИИ, ГОВОРИ И СЛ.
Влијание на управување со ризиците на усогласеност врз даночниот морал
  • Говор/презентација – меѓународен настан во организација на ЦЕФ Љубљана одржан во Скопје
    октомври 2023

Нешто за даночниот јаз, даночната усогласеност и ефективноста на даночниот систем

  • Колумна - УЈП Интранет
    ноември 2022

Thoughts about tax gap, the tax compliance and efficiency of the tax system

  • IOTA paper, June 2021
    November 2022

Влијанија за промена на даночното однесување и поголема даночна одговорност

  • Колумна - УЈП Интранет
    јули 2022

Малиот долг создава должник, големиот долг создава непријател

  • Говор - Завршен настан за ЕУ Проектот за даночна одговорност - Центар за економски анализи Скопје
    декември 2021

Throuhg adapted communication, to transparency, trust and improved compliance when paying tax debt

  • IOTA paper
    јуни 2021

Преку прилагодена комуникација, до транспарентност, доверба и подобрена усогласеност при плаќањето на даночен долг

  • Колумна - УЈП Интранет
    мај 2021
 
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Плакета за посебен придонес на Дирекцијата за големи даночни обврзници за исполнување на стратешките цели на УЈП
  • Управа за јавни приходи
    ноември 2010

Пофалница за професионалност и ефикасност во работата на УЈП

  • Управа за јавни приходи
    ноември 2008

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија