Со овој правилник, се пропишува сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план за субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и Правилникот за водење сметководство. Овој правилник не се однесува на субјектите од став 1 на овој член, чие работење се уредува со посебен закон и доколку со друг пропис се пропишани посебни сметковни планови. Сметковниот план и содржината на групите и на одделните сметки во сметковниот план од став 1 на овој член како и споредбениот преглед на сметките во сметковниот план се составен дел на овој правилник
|