Memorandum_mk
Преглед на публикации

 

Задржување на данокот на приход платен на странски правни лица (2022)
Оваа брошура треба да ве упати на начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени во Република Македонија или во странство на странски правни лица, а кои не се остварени во рамки на деловниот потфат на постојаната деловна единица на странско лице на територија на Република Македонија...
 

Непрофитни организации - даночен третман согласно законот за данокот на добивка (2022)
Оваа брошура треба да ви помогне и да ве упати како правилно да ги примените одредбите на Законот за данок на добивка, со цел правилно пријавување и плаќање на данокот на вкупен приход за непрофитните организации кои остваруваат приходи од вршење на стопанска дејност, како и начинот и постапката на задржување на данокот на приходи кои се исплатени на странски правни лица.
 

Поедноставен даночен режим за мали и микро бизниси (2022)
Оваа брошура треба да ве упати на основните правила и услови за регистрирање за целите на годишниот данок на вкупен приход, доколку сте трговско друштво од мал обем. Поедноставниот даночен режим овозможува скратување на даночните процедури за малите бизниси и едноставен начин на пријавување и утврдување на данокот.
 

Ослободување од ДДВ при реализација на проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови (2022)
Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на начинот и постапката на ослободување на прометот на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови.
 

Поврзано лице за целите на ДДВ
Поврзано лице за ДДВ претставува група на лица кои се правно независни, регистрирани за целите на ДДВ и кои се тесно поврзани сопственички, организациски или управувачки. Оваа брошура треба да ве информира општо за регистрацијата, пријавувањето на промени и одјава на поврзаното лице за целите на данокот на додадена вредност.
 

Примена на механизам за пренесување на даночна обврска (Reverse charge механизам) 2023
Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на примена на механизамот за пренесување на даночна обврска за данокот на додадена вредност
 

Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност (2022)
Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок кој се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата и во целокупниот услужен сектор. Преку оваа брошура можете да се информирате за општите правила и информации кои се однесуваат на регистрацијата за цели на данокот на додадена вредност, пријавувањето, утврдувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност и специфичностите при пополнување на ДДВ-пријавата (образец “ДДВ-04“).
 

Оданочување на доход од закуп и подзакуп (2024)
Оваа брошура треба да ве упати во основните правила при пријавување на доходот кој како физичко лице - граѓанин гo остварувате од издавање во закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
 

Оданочување на капитална добивка од продажба на недвижен имот (2024)
Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кои како физичко лице - граѓанин ги остварувате од продажба на недвижен имот и притоа сте оствариле капитална добивка.
 

Оданочување на приходи од продажба на сопствени земјоделски производи (2024)
Оваа брошура треба да ве информира за основните правила при пријавување, утврдување и плаќање на данокот на доход кој како физичко лице - граѓанин го остварувате од продажба на сопствени земјоделски производи. Остварениот доход од продажба на сопствени земјоделски производи подлежи на оданочување со данок на личен доход.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија