Memorandum_mk
Преглед на образец
Даночна пријава на данокот на додадена вредност
Кратко име: ДДВ-04
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Даночните обврзници кои се обврзани за регистрација или кои доброволно се регистрирале за целите на данокот на додадена вредност, обврзани се да поднесат Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец "ДДВ-04") за секој даночен период (месец или тримесечје).

ДДВ обврзниците даночната пријава на ДДВ задолжително треба да ја поднесуваат по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

За подетални информации во врска со статусот и грешките (начин на отстранување) на вашата електронска ДДВ-04 пријава во системот е-Даноци, можете да се обратите до надлежните контакт лица во УЈП (кликни тука).

ДДВ-пријавата се поднесува во рок од 25 дена по истекот на соодветниот даночен период.
ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.
Во случај на престанок со вршење на дејност, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец, во кој престанал со дејноста.

Даночните должници кои неовластено искажале ДДВ во фактурите должни се да поднесат ДДВ-пријава за оној даночен период за кој настанал даночниот долг.
Ваква обврска имаат и даночните должници кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а кои се јавуваат како приматели на добра или корисници на услуги за промет кој е извршен од даночните обврзници кои немаат ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија.

Pdf_16   Даночна пријава на данокот на додадена вредност  (338 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија