15.01.2025
Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен...
|
|
10.01.2025
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01)...
|
|
09.01.2025
Управата за јавни приходи го објавува новиот Стратешки план 2025 – 2027 кој ги поставува основите за идниот развој на организацијата, со акцент на унапредување на ефикасноста, иновации, дигитализација и поголема транспарентност...
|
|
31.12.2024
Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2025 се следните...
|
|
29.12.2024
Во текот на месец декември, даночните обврзници успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски...
|
|
27.12.2024
Како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба (образец ПДД-И/ЗП) преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на година која претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот...
|
|
27.12.2024
Даночниот обврзник регистриран како самостоен вршител на дејност (СВД) или занаетчија кој поради определени околности не е во состојба да води деловни книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање данокот за доходот остварен од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето-доход (паушално оданочување), согласно на член 29 од Законот за данокот на личен доход...
|
|
27.12.2024
Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и консултанти формираше Совет за даночна усогласеност...
|
|