Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
30.08.2024
СРЕДБА ПОМЕЃУ М-Р ЕЛЕНА ПЕТРОВА, ДИРЕКТОР НА УЈП И АРМЕН ГРИГОРЈАН, ПОСТОЈАН ПРЕТСТАВНИК НА УНДП

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова во вторникот (27.08.2024) се сретна со постојаниот претставник на УНДП во нашата земја, г-дин Армен Григорјан. На средбата разговараа за досегашната соработка помеѓу УНДП и УЈП, како и за продолжување и надградување на соработката и во иднина. На состанокот се направи осврт на досегашните проекти со УНДП односно на:

  • предизвиците што претстојат пред УЈП за практична имплементација на контролите на трансферни цени - Проект кој се спроведува преку Support to Public Finance Management Reform in the Republic of North Macedonia in the area of international taxation and local taxes“, поддржан од Владата на Словачка преку кој се реализираа низа обуки а работна група на УЈП изготви Акционен план за имплементација на активности поврзани со градење на капацитети за контрола на трансферни цени
  • Програма Даночни инспектори без граници, преку која се јакнат капацитетите на УЈП за утврдување на праведното оданочување, врз основа на принципот „дофат на рака”, стандард кој се покажа како практичен и урамнотежен и за даночните администрации и за даночните обврзници, а со кој може да се проценат трансферните цени помеѓу поврзаните и неповрзаните претпријатија, под слични услови и економски околности со што се спречува двојното оданочување и даночната евазија.

Неформалната економија односно како да се идентификуваат јазовите во борбата против неформалната економија е уште една област во која двете институции имаат соработка, каде што УНДП дава поддршка во однос на развој на индикатори за следење на неформалната економија. Соработка има и во делот на автоматска размена на податоци како обврска на државата, претежно во делот на меѓународното оданочување.


Амбасадорот истакна задоволство од долгогодишната соработка, со надеж дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, како во областите за кои УНДП обезбедува поддршка, така и за дополнителни области од интерес на УЈП.

Директорката нагласи дека помошта што ја добива УЈП од разни донатори во вид на експертски совети, студиски посети, обуки и сл. е добредојдена и истата треба да биде усогласена со потребите на УЈП за зајакнување на капацитетите и со реформскиот курс, а истовремено да нема преклопувања на донаторите и да има одржливост, што значи стекнатите знаења да се интегрираат во тековните процеси и да стане дел од секојдневното работење на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија