Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
29.08.2024
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ СПЕЦИФИЧНИ ДАНОЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ

26.08.2024 година (Понеделник)

Директорка на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова оствари работна средба со Претседателот на Советот на странски инвеститори г-дин Виктор Мизо.

На средбата се разговараше за едно од најактуелните прашања - прашањето за даночните ефекти од усогласувањето на домашните сметководствени стандарди со IFRS 2021 стандардот. Претседателот на Советот го истакна барањато за униформиран пристап во дефинирањето на оправданите инвестициски трошоци поврзани со користење на државната помош, имајќи во предвид дека доделената државна помош е рамка за користење на даночните ослободувања на компаниите во технолошко-индустриските развојни зони.
На средбата стана збор и за минималниот глобален данок од 15% кој се однесува на големите меѓународни компании како и за бенефитот за странските компании а тоа е размената на податоци и документи меѓу државните институции по службена должност, кога еден орган побарува како доказ документ што го издава друг орган.

На состанокот двете страни се согласија за воспоставување на пракса за редовно состанување со странските компании и тековна дискусија за нивните проблеми и предизвици.

Скенирањето на состојбите, потребите и предлозите кои доаѓаат од серијата состаноци со таргет групи даночни обврзници и нивни претставнички тела и здруженија е вовед во утврдување конкретни мерки и активности во УЈП, како за брзо пресретнување на некои нивни проблеми и предизвици, исто така и за воведување формални механизми и структури за долгорочна кооперативност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија