Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
ПОТПИШАН РАБОТНИОТ ПЛАН СО ТРЕЗОРОТ НА САД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ, СУЗБИВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА И КОРУПЦИЈАТА
18.07.2023

Директорите на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на Царинската управа Стефан Богоев и директорката за приходна политика и администрација при Трезорот на САД, Парвина Шамсиева Коен денеска во присуство на министерот за финансии Фатмир Бесими, го потпишаа Работниот план за Проектот за зајакнување на капацитетите за Управата за јавни приходи и Царинската управа за 2023 – 2024 година. Во рамки на проектот двете институции воспоставуваат соработка со Канцеларијата за техничка помош при Трезорот на САД, којашто ќе обезбеди експертска помош за зајакнување на капацитетите, како и поддршка во напорите за реформи и модернизација кои се преземаат во рамки на Управата за јавни приходи и Царинската управа. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека со склучување на овој 18 месечен работен план, Управата за јавни приходи ќе добие техничка поддршка и обуки на вработените за: зајакнување на капацитетите на инспекторатот, управувањето со долговите, подобрување на услугите кон даночните обврзници, проектниот менаџмент, внатрешната ревизија, како и јакнење на човечките капацитети како еден од најважните ресурси на институцијата со цел брзи, ефикасни и ефективни услуги кон даночните обврзници.

„Оваа соработка за нас е од клучно значење и доаѓа во време кога го спроведуваме Реформскиот процес и градиме модерна, дигитализирана даночна администрација која ги следи светските трендови и може да одговори на истите. Преку вашата поддршка и многуфункционалните иницијативи ќе обезбедиме стабилност и сигурност, а истата ќе помогне да се зајакнат и контролните механизми кои ги штитат интересите на граѓаните и бизнисите што пак од друга страна значи и придобивки на приходната страна на Буџетот.“ – рече Лукаревска.

Активностите дефинирани во овој Работен план ќе ја зголемат способноста на државата да генерира повисоки и посигурни приходи, што ќе ја зголеми можноста Владата да испорача јавни добра што ќе го поддржат растот на економијата.

Директорот, Богоев рече дека преку овој проект ќе се овозможат повеќе средства во буџетот.

Со олеснување на трговијата, непрекинат проток на стока, зголемена дигитализација на процесите, ќе придонесе кон подобрување на условите за водење бизнис, водење ефикасни контроли, и анализа на ризици што значително ќе придонесат за намалување на сивата економија. Крајно, активностите кои ги дефиниравме со ОТА треба да придонесат за сузбивање на корупцијата, што ќе се овозможи преку детектирање механизми за поголема контрола. Ова се едни од главните аспекти за развој на државата и ќе работиме посветено на остварување на целите кои ги поставуваме со овој Работен план“, кажа Богоев.

Директорката за приходна политика и администрација при Трезорот на САД, Парвина Шамсиева Коен, истакна дека Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД им помага на земјите-партнери кои се ориентирани кон реформи за зајакнување на управувањето со јавните финансии.

„Со задоволство ги поддржуваме напорите на Министерството за финансии за подобрување на даночната и царинската администрација во Северна Македонија. Работниот план потпишан денеска ја одразува широката, сеопфатна поддршка за градење капацитети од ОТА на Царинската управа и Управата за јавни приходи во согласност со клучните национални приоритети, вклучително и намалување на сивата економија, унапредена доброволна усогласеност од даночните обврзници, мобилизација на домашни ресурси и борба против корупцијата“, рече Коен.

Министерот за финансии, Бесими појасни дека континуирано се работи на имплементација на реформата во управувањето со јавните финансии и работниот план потпишан денеска ќе придонесе кон зајакнување на јавните финасии, борба со корупцијата и сивата економија.

„САД, се наш стратешки партнер, а оваа иницијатива уште повеќе го зацврстува нашето партнерство. Трезорот на САД дава значајна техничка помош на земјата во зајакнување во управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспареноста и отчетноста на јавните финансии, како во справување со сивата економија. На овој начин ќе ги зајакнаме капацитетите на нашите институции, а крајната цел е економски просперитет“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Паралелно како што рече тој, се спроведуваат процеси за воведување нови современи дигитални платформи, како што е Интегрираниот информациски систем за финансиско управување во Министерството за финансии – ИФМИС, Интегриран даночен информациски систем (ИДИС) и Информациски систем за управување со државна помош – САМИС.

01_18   02_18   03_18   04_18  
 
 
 
 
               
05_18   06_18          
 
         
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија