Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Билатерална соработка - Средба помеѓу првите даночници од Македонија и Косово
22.08.2018

(Скопје, 22.08.2018) Директорот на Даночната администрација на Косово, Сакип Имери и претставниците на високиот менаџмент од Косовската даночна администрација ја започнаа дводневната билатерална посета на Управата за јавни приходи. На средбата од страна на Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска беше истакната досегашната соработка со Даночната администрација на Косово, како и подготвеноста на Македонската даночна администрација и во периодот кој следува да разменува искуства со колегите од Косово, во сите области од интерес на двете страни. За време на средбата, директорите разменија искуства за предизвиците со кои се соочуваат двете даночни администрации, специфичноста на даночните обврзници кои ги администрираат, како и тековните и идни проекти со кои се очекува да ги зајакнат оперативните капацитети и да допринесат за модернизација на даночните управи во двете земји.
Имајќи ги во предвид обемот на темите и областите од заеднички интерес и соработка, првите даночници од Македонија и од Косово разговараа и за можноста од потпишување на Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи продлабочување на соработката во делот на размена на искуства, трансфер на знаење и најдобри практики, поттикнување на доброволна даночна усогласеност, како и превенција, откривање и борба против даночната евазија во двете земји.
За време на дводневната посета во Управата за јавни приходи, колегите од Косовската даночна администрација ќе се запознаат со македонското искуство од воведувањето на ГПРС фискализацијата, како и со правни и практични аспекти на определени даночни прашања.

Img_20180822_101844_thumb   Img_20180822_101915_thumb   Img_20180822_101952_thumb   Img_20180822_102120_thumb  
 
 
 
 
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија