Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Фото галерија - Крводарителска акција на даночниците „Капка крв, спасува живот“
28.11.2013

Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните. Токму затоа и поттикнати од нашата желба да помогнеме, да покажеме поинаква одговорност кон општеството и оваа година ја организиравме Крводарителската акција под мотото „Капка крв, спасува живот“.

Во рамките на акцијата, 136 даночници даруваа крв на 19 пункта низ Македонија, поставени во: Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, Центар за трансфузиона медицина Тетово, Служба за трансфузиона медицина Гостивар, Служба за трансфузиона медицина Кичево, Служба за трансфузиона медицина Охрид, Центар за трансфузиона медицина Битола, Служба за трансфузиона медицина Прилеп, Служба за трансфузиона медицина Кавадарци, Служба за трансфузиона медицина Велес, Служба за трансфузиона медицина Гевгелија, Служба за трансфузиона медицина Струмица, Центар за трансфузиона медицина Штип, Служба за трансфузиона медицина Куманово, Служба за трансфузиона медицина Кочани, Мобилни пунктови во: Берово, Кратово, Виница, Пробиштип и Струга.

Крводарителската акција на вработените во УЈП, се организира втора година по ред во пресрет на одбележувањето на Денот на даночниците (29 Ноември) и е дел од програмата за општествена одговорност на Управата за јавни приходи.

„Секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години може да дарува крв, а само една дарувана кеса крв може да спаси и до 3 или 4 животи“.

„Чувајте го сопственото здравје за да можете да го подарите и на други“.

 

Ujp_krvodaritelska_2013_1_thumb   Ujp_krvodaritelska_2013_2_thumb   Ujp_krvodaritelska_2013_3_thumb   Ujp_krvodaritelska_2013_4_thumb  
 
 
 
 
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија