Memorandum_mk
Фото галерија
31.10.2017
ПРЕДАВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА ИНСТИТУТОТ „ЈУРИДИКА ПРИМА“
(Скопје, 31.10.2017) На покана на Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика Прима“ Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа предавање на тема „Новини и актуелности во работењето на Управата за јавни приходи. Дали е потребна даночна реформа?“.
 
05.10.2017
ПРЕДАВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ – СКОПЈЕ
(Скопје, 05.10.2017) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа предавање за студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на кое ја претстави работата на Управата за јавни приходи, организациската поставеност и надлежностите, како и активностите и проектите кои се спроведуваат за градење на даночната администрација како партнер на бизнисите и граѓаните во Република Македонија...
 
02.10.2017
СРЕДБА НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА СО ДЕЛ ОД ПЕНЗИОНИРАНИТЕ КОЛЕГИ ОД УЈП
(Скопје, 02.10.2017) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со дел од пензионираните колеги кои долго време беа дел од процесите за јакнење на Управата за јавни приходи. На средбата беше констатирано дека во изминатите години од нивна страна е вложен огромен напор и даден е голем придонес за градење на Управата за јавни приходи која ја имаме денес, заради што вратите на нивната институција ќе бидат секогаш отворени за соработка и размена на искуство...
 
26.09.2017
Средба на Директорката Лукаревска со претставници на Светска банка
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со претставниците на Светска банка на која се разговараше за модернизацијата на УЈП, влијанието врз ефикасноста на наплатата на даноците, зајакнувањето на јавното финансиско управување, како и областите за идна соработка за поддршка на реформите на Владата на Република Македонија...
 
15.09.2017
Средба на Директорката Лукаревска со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со претставниците на Одделот за фискални прашања - Меѓународен монетарен фонд, Енрико Аав и Крис Барлоу, на која се разговараше за остварениот напредок во модернизацијата на Управата за јавни приходи, а беа дефинирани и областите за идна соработка и техничка помош од Меѓународниот монетарен фонд за зајакнување на капацитетите на даночната администрација на Република Македонија...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија