Memorandum_en
Преглед на образец
Барање за враќање на данок на приход од авторски права / Claim for refund of tax on royalty
Кратко име: ЗД-В/АП
Тип на данок: Данок на добивка

Барањето за враќање на данок на приход од авторски права (образец “ЗД-В/АП“) врз основа на одредбите од меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување се пополнува во 4 примероци: за надлежниот даночен орган на странската држава; за примателот на приходот од авторски права; за исплатувачот на приходот од авторски права; за Управата за јавни приходи.

Примателот на приходот од авторски права пополнува 4 примероци од барањето и ги поднесува до надлежниот даночен орган во државата на која е резидент со цел да се потврди дека е резидент на таа држава (со пополнување и заверување на делот 6 од образецот).
Надлежниот даночен орган на странската држава задржува еден примерок од образецот.
Примателот останатите три примероци од образецот ги доставува на исплатувачот, а исплатувачот трите примероци комплетно пополнети ги доставува до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ја спроведува потребната контрола, го заверува поднесеното барање, задржува еден примерок за свои потреби, а останатите два примероци ги враќа на исплатувачот (за исплатувачот и за примателот на приходот од авторски права).

Pdf_16   Барање за враќање на данок на приход од авторски права / Claim for refund of tax on royalty  (672 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia