Companies search
Enter name, head office, unique tax number or identification number of company
M
T
W
T
F
S
S
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Преглед на образец
Барање за издавање на одобрение за користење на факсимил
Кратко име: Б-ФА
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Заради олеснување на постапката за издавање на фактури од ист вид кон голем број приматели на даночните обврзници може да им се одобри користење на факсимил на потпис за овластено лице или факсимил на име, презиме и потпис на овластеното лице согласно член 18 став 4 од Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.65/99, „Службен весник на РСМ“, бр.111/19, 143/22,18/24 и 19/24). Барањето може да се поднесе до даночните канцеларии на УЈП.

Обврзникот е должен да уплати административни такси во износ од 300 денари (односно 50 денари за барањето и 250 денари за одобрението). Административната такса може да ја платите на уплатница налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„. По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

Pdf_16   Барање за издавање на одобрение за користење на факсимил  (86 KB)
 


© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia