Memorandum_en
Преглед на образец
Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка
Кратко име: ДД-ОМА
Тип на данок: Данок на добивка

Согласно Уредбата со Законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, обврзниците на данокот на добивка, кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19 имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април, мај, јуни и јули 2020 година.

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот http://etax.ujp.gov.mk а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 15 дена од денот на доставување на барањетo.

Pdf_16   Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка  (85 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia