Memorandum_en
Преглед на образец
Барање за издавање на потврда за даночен резидент (правно лице)
Кратко име: Б-ПДР/ПЛ
Тип на данок: Данок на добивка

Заради примена на даночно изземање или намалување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување, Управата за јавни приходи по барање на даночниот обврзник – правно лице резидент издава потврда за даночен резидент на Република Северна Македонија.
Барањето се поднесува до Управата за јавни приходи, според на седиштето на резидентот.
За поднесување на Барањето за издавање на потврда за даночен резидент предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од 50 денари.
Административната такса може да ја платите на уплатница налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„. По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

Pdf_16   Барање за издавање на потврда за даночен резидент (правно лице)  (72 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia