Memorandum_en
Преглед на образец
Биланс на приходи и расходи
Кратко име: Б
Тип на данок: Данок на личен доход

Билансот на приходи и расходи (образец “Б”) го пополнува обврзникот на данокот на личен доход регистриран како трговец-поединец, како и физичко лице кое се занимава сo земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање, а кој остварува доход од самостојна дејност (доход остварен од стопанската дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи).
Обрасците “Б” и “ДЛД-ДБ” задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку https://e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март во наредната година, како и до Централниот регистар на РСМ.
Даночниот период за кој се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година.
Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот работел.

Pdf_16   Биланс на приходи и расходи  (94 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia