Memorandum_en
Преглед на образец
Извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари
Кратко име: ДЛД-И/ЗП
Тип на данок: Данок на личен доход

Трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало до Управата за јавни приходи треба да поднесе Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ДЛД-И/ЗП), најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.

Во извештајот се внесуваат податоци за СВД (самостојни вршители на дејност) и за ФЛ (физички лица).
За секоја промена трговецот кој организира зелен пазар до Управата за јавни приходи треба да поднесе Извештај, најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој настанала промената.

Извештајот се поднесува по пат на пренос на податоци во електронска форма.
Доколку едно правно лице - организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, истиот треба да поднесе Извештај со податоци за секој одделен пазар.

Pdf_16   Извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари  (66 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia