Memorandum_en
Преглед на образец
Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување
Кратко име: ДДВ-ПНПИ
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Субјектот надлежен за постапката за присилна наплата, односно присилно извршување има обврска во име и за сметка на должникот да го пресмета и плати данокот на додадена вредност за прометот на добрата кои се предмет на продажба во постапка на присилна наплата или присилно извршување.

Субјектот надлежен за спроведување на постапката Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ и изготвениот акт кој е основ за стекнување со сопственост на добрата треба да ги достави до Управата за јавни приходи, до должникот и до стекнувачот на доброто:

  • во постапка на присилна наплата - најдоцна во рок од 5 работни дена од денот кога е извршена целосна уплата од страна на стекнувачот на доброто.
  • во постапка на присилно извршување - најдоцна во рок од 5 работни дена од денот на одржаната делба.

Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ се доставува до УЈП по електронски пат, преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

Document   Download document  (171 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia