Доколку даночниот обврзник, не по своја вина, бил спречен да го запази законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) има право да поднесе Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01), до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Во барањето треба јасно да бидат образложени и веродостојни причините за пропуштање на рокот.
Рокот за поднесување на барањето е еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот.
|