Memorandum_en
Преглед на образец
Барање за поврат на персоналниот данок на доход на индивидуална сметка
Кратко име: БПП-ИС/ДПФ
Тип на данок: Персонален данок на доход

Физичките лица - членови на доброволен пензиски фонд кои уплатиле сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени, односно средствата уплатени на негова индивидуална сметка од физичко лице кои се претходно оданочени, имаат право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд.

Правото на поврат на персоналниот данок на доход физичките лица – членови во доброволниот пензиски фонд можат да го остварат со поднесување на барање (образец “БПП-ИС/ДПФ“), во тековната за претходната година, до Управата за јавни приходи според местото на живеење на подносителот на барањето или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Кон Барањето за поврат на персоналниот данок на доход на индивидуална сметка, членот на доброволниот пензиски фонд треба да достави и доказ за платен персонален данок на доход во Република Македонија, за уплатените сопствени средства или уплатените средства од страна на уплатувачот во име на членот во доброволниот пензиски фонд.

Pdf_16   Download document  (920 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Public Revenue Office, Republic of North Macedonia