Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Претходен данок и право на одбивка

Претходен данок е износот за кој се намалува данокот на додадена вредност што се должи за извршениот промет за одреден даночен период. Тоа е данокот на додадена вредност:

  • за прометот, кој бил извршен спрема даночниот обврзник од страна на друг даночен обврзник;
  • за авансното плаќање кое го извршил даночниот обврзник за промет, кој се уште не е извршен спрема него; и
  • кој е платен за увозот на добра и кој е одделно искажан во царинската декларација.

Услови за одбивка на претходниот данок

Право на одбивка на претходниот данок може да се оствари:

  1. ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност;
  2. ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за инвестициски вложувања во објектот на закуподавачот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник кој е закупец. За инвестициски вложувања се сметаат вложувањата во објектот извршени од страна закупец кои се однесуваат на: градење, реконструкција, адаптација, надградба и доградба со кои се зголемува вредноста на закупениот објект.
  3. врз основа на фактура која е издадена во согласност со одредбите на ЗДДВ, или фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања или царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот или актот издаден од органот надлежен за присилна наплата, односно присилно извршување и Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец ДДВ-ПНПИ), кога доверителот не е стекнувач на доброто и Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец ДДВ-ПНПИ/ДС), кога доверителот е стекнувач на доброто
  4. ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.

Правото на одбивка на претходниот данок настанува во моментот во кој се исполнети сите напред наведени услови.

* Малите претприемачи т.е. даночни обврзници кои не се обврзани за регистрација за ДДВ и кои не се регистрирале доброволно, немаат право на одбивка на претходните даноци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија