Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Политика на приватност (“МОЈ ДДВ”)

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја користите Апликацијата “МОЈ ДДВ”. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања. Личните податоци се обработуваат во согласност со начелата од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.42/20).

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Управата зајавни приходи (во натамошниот текст:УЈП), со седиште на бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, Скопје, Република Северна Македонија.
УЈП е државен орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице. (Закон за Управа за јавни приходи „Службен весник на РМ“, бр.43/14...„Службен весник на РСМ“, бр.07/19).

Со Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица („Службен весник на РСМ“, бр.133/19...244/20) се регулира правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица. Правото на враќање на данокот се остварува со пријавување на податоците од бар кодот на фискалната сметка преку апликативен софтвер (МојДДВ) за оваа намена на Управата за јавни приходи.

Чии податоци собираме

Управата за јавни приходи, обработува податоци за корисници на апликацијата МОЈДДВ:

  • Секој корисник на апликацијата МОЈДДВ треба да биде регистриран корисник на системот е-ПДД. За регистрацијата на системот е-ПДД, корисникот поднесува барање за регистрација во Управата за јавни приходи. Дополнително, преку апликацијата МoЈДДВ, внесува податок за трансакциска сметка, како неопходен податок за реализација на повратот на МoЈДДВ.

Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на https://mojddv.ujp.gov.mk, на трети лица, освен во следните случаи:

  • Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако УЈП ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на УЈП и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на УЈП.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Марија Чадиковска на следниов e-mail: marija.chadikovska@ujp.gov.mk

Право на поднесување на барање до УЈП

Ако сметате дека начинот на кој УЈП ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија