Memorandum_mk
Издавање уверенија и потврди

Управата за јавни приходи издава уверенија, потврди и други документи согласно даночните евиденции, а што служат за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за права, обврски или правни интереси на странките од страна на друг надлежен орган.

Издавањето на уверение или потврда за состојби во даночните евиденции се врши по претходно поднесено барање (на соодветен образец) до Управата за јавни приходи.
Барањето може да го поднесе лично странката, законскиот застапник или застапник со полномошно.
Барањето може да се поднесе и по службена должност од јавниот орган надлежен за решавање за права, обврски или правни интереси на странката, согласно Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност (министерства, други органи на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Град Скопје и на општините во градот Скопје).

Во зависност од видот на поднесено барање, УЈП во однапред утврдените рокови го издава бараното уверение или потврда.

За повеќе информации во врска со постапката за поднесување на барање, потребните документи и роковите за издавање на уверение или потврда, изберете:

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија