Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
Плаќање по ДЛД-ГДП

Законска основа

Согласно членот 100 од Законот за данокот на личен доход, рокот за плаќање на обврската во потврдената Годишна даночна пријава е до 30 јуни во тековната година, додека рокот за плаќање на данокот по одбиена корекција на ГДП пријава е 15 дена по доставување на решението во кое е утврден износот за плаќање на данокот.

Постапка за плаќање

  • Најавете се во Вашиот кориснички профил на страницата е-Даночни услуги (е-ПДД)
  • Одберете ја коцкичката (копчето) „Годишна даночна пријава“.
  • На копчето „Преглед“, кое се наоѓа најдесно во редот на излистаните ГДП пријави отворете ја соодветната даночна пријава за даночниот период односно година.
  • Одберете го копчето „Печати“ кое се наоѓа во долниот десен агол во прегледот на Годишната даночна пријава.
  • Испечатете го или точно препишете го налогот за плаќање кој се наоѓа на третата страница од документот или, доколку сте корисник на услугите од еклектронско банкарство, доволно ќе биде да го ископирате фолио бројот кој се наоѓа во полето „цел на дознака“ и да го впишете во налогот ПП53 во апликацијата за електронското банкарство.

ВНИМАВАЈТЕ!

Уплатата нема да биде успешно евидентирана и ќе повлече дополнителни трошоци, доколку:

  • не се точно внесени Даночниот идентификациски број на обврзникот (ЕМБГ) и фолио бројот, но и другите елементи од налогот за плаќање;
  • друго лице врши уплата во Ваше име и за Ваша сметка, а претходно не сте извршиле промена на налогодавец преку опцијата во е-ПДД „плаќање од трето лице

Затоа укажуваме дека при рачното пополнување на налогот ПП50, многу е важно точно да ги внесете податоците како што се прикажани на третата страница од ГДП пријавата со цел успешно евидентирање на плаќањето.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија