Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Преглед на отворен повик

Интерен оглас бр.01/2018 за унапредување на административни службеници во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Интерен оглас Датум на објава: 05.04.2018 

Врз основа на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ “, бр.11/15...35/18), по Барање на директорот на Управата за јавни приходи за започнување на постапка за унапредување на административен службеник, бр.08-2368/1 од 28.03.2018 година, а по претходно добиено Известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, бр.18-1180/2 од 13.02.2018 година, согласно Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи, бр.01-6477/5 од 04.11.2016 година, бр.01-2439/1 од 07.03.2017 година, бр.01-2439/6 од 03.05.2017 година, бр.01-2439/13 од 29.05.2017 година и бр.01-5436/1 од 31.07.2017 година, година, Секторот за човечки ресурси во Управата за јавни приходи, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.1/2018
за унапредување на административни службеници во Управа за јавни приходи

Се објавува интерен оглас за пополнување на слободно/и работно/и место/а во Управата за јавни приходи преку спроведување на постапка за унапредување на административен службеник:

 Реден број:

 1

 Шифра:

 УПР 01 01 В01 000
 Ниво:  В1

Назив на работно место:

Советник за буџет

Звање:

Советник

Организациона единица:

Сектор за финансиски прашања/Одделение за буџетска координација и буџетска контрола

Дирекција:

Генерална дирекција

Генерална дирекција:

1

Посебни услови:

Посебни услови утврдени со Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“, бр.27/14...11/18) и Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи, бр.01-6477/5 од 04.11.2016, бр.01-2439/1 од 07.03.2017, бр.01-2439/6 од 03.05.2017, бр.01-2439/13 од 29.05.2017, бр.01-5436/1 од 31.07.2017 и бр.01-1674/7 од 07.03.2018 година, предвидени за работните места класифицирани во категорија В - стручни административни службеници од ниво В1. и тоа:
- стручни квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- најмалку три години работно искуство во струката;
- општи работни компетенции на средно ниво за сите нивоа - категоријата В согласно со Рамката на општи работни компетенции;
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат

Распоред на работно време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време:

Распоредот на работното време е утврден со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа, од понеделник до петок.
Паузата за време на работното време се користи од 12:00 до 12:30 часот.

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво:

25.023,21 денари

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Управата за јавни приходи, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на огласеното/ите работно/и место/а, пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи, како и:

- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Кандидатите потребно е да поднесат „Пријава за унапредување на административен службеник“ УЈП-ЧР-З.1-97 која е објавена на интернет страницата на Управата за јавни приходи и Агенцијата за администрација.
Кандидатите потребно е пополнетата пријава, заедно со доказите за податоците содржани во пријавата да ја достават преку писарница / архива на Управата за јавни приходи до секторот за човечки ресурси, како и до службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси Chovechki_resursi@ujp.gov.mk.
Рокот за поднесување на пријавата за унапредување со потребните документи, изнесува (5) пет дена, од денот на објавувањето на интерниот оглас.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
За вистинитоста на податоците внесени во пријавата и веродостојноста на приложените докази, кандидатот подлежи на материјала, морална и кривична одговорност.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка по овој оглас.

Овој интерен оглас се објавува истовремено на веб страницата на Управата за јавни приходи и на веб страницата на Агенцијата за администрација.

Word_16   Пријава за унапредување  (99 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија