Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Преглед на отворен повик

Регионална Дирекција Скопје - ЗАКЛУЧОК за продажба на недвижност по пат на усна јавна аукција
Тип на отворен повик: е-Аукции Датум на објава: 14.12.2009 

Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, врз основа на член 151 и 155 од Законот за даночна постапка („Службен весник на Р.М.“, бр.13/2006...88/08) донесува

 

ЗАКЛУЧОК
за продажба на недвижност по пат на усна јавна аукција

 

Се продава по пат на усна јавна аукција недвижноста сопственост на даночниот должник АВИОИМПЕКС АД од Скопје означена како

КП број 13419 ул. 11 Октомври бр.74, аш, 32ќ по имотен лист 44581 што се состои од: подрум површина од 444 м2, гаражи со површина од 80м2, приземје со површина од 249м2, мезанин со површина од 464м2, кат 1 со површина од 321м2 и кат 2 со површина од 298м2, сопственост на АВИОИМПЕКС АД СКОПЈЕ.
Почетната цена на недвижноста изнесува 89.108.800,00 денари.

Во цената на предметот не се вклучени дополнителни давачки и ДДВ.
Јавната усна аукција ќе се одржи на ден 22.12.2009 година во 11.00 часот во просториите на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје на ул. 11 Октомври бр. 27 Скопје.
Право на учество на јавната усна аукција имаат сите правни и физички лица.
Лицата заинтересирани за купување на недвижноста ќе може да учествуваат на јавната усна аукција доколку депонираат депозит во висина на 10% од утврдената почетна цена најдоцна до денот на одржување на јавната усна аукција на трезорската сметка Министерство за финансии 10000000063095, депозитна сметка на Управата за јавни приходи Скопје 0900515679-696-10, приходна шифра 725939 програма 20.
Учесниците заинтересирани за недвижноста гаранцијата треба да ја уплатат ден пред одржувањето на аукцијата, односно на ден 21.12.2009 година.
Разгледувањето на објектите ќе се врши на ден 21.12.2009 година од 9 до 12 часот.
Аукцијата се заклучува по истекот на 3 минути непосредно по ставањето на најповолната понуда.
Најповолниот купувач е должен да ја уплати купопродажната цена во рок од 8 дена од денот на заклучувањето на јавната аукција по намалување на депозитот, во спротивно продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на поврат на депонираниот депозит. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на аукцијата.
По извршената уплата на износот за кој недвижноста е продадена на усна јавна аукција, Управата за јавни приходи донесува Решение за предавање на недвижноста на купувачот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија