Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавна објава бр.03 и Листа за уредно доставени известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 24.12.2015 

Врз основа на член 44 став 8 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ”, бр.13/2006...154/2015) и член 86 и 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ”, бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, Комисија за прекршоци на 18 и 19 декември 2015 година во дневниот печат „Дневник“ објави „Јавна објава за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ бр.01 и 02, со кои се повикаа правните и физичките лица наведени во „Листата за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ бр.25-18345/2 од 17.12.2015 година објавена на веб страницата http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, во рок од осум дена да ги подигнат Известувањата за произнесување, согласно член 63 од Законот за прекршоци.
Со оваа објава во „Службен весник на Република Македонија“ се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на „Известувањата за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ наведени во „Листата за уредно доставени известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ (УЈП бр. 25-18345/3 од 23.12.2015 година) објавена на веб страницата http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici (во прилог).

Document   Листата за уредно доставени известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка бр. 25-18345/3 од 23.12.2015 година  (165 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија