Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Преглед на отворен повик

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2009 за вработување на службеници во Управата за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 27.06.2009 

Врз основа на член 25 од Законот Управата за јавни приходи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 81/05 и 81/08) и член 18 (“Службен весник на Република Македонија” бр. 166/08), Министерството за финансии - Управа за јавни приходи, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2009
за вработување на службеници во Управата за јавни приходи

 

Министерството за финансии - Управа за јавни приходи има потреба од вработување на службеници (17) седумнаесет извршители, за следните работни места:

I. ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ:

  • 3 (три) извршители на работно место со звање помлад ИТ специјалист/систем администратор со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/администратор за e-сервиси со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 2 (два) извршители на работно место со звање помлад ИТ специјалист/администратор за графички дизајн со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 2 (два) извршители на работно место со звање помлад ИТ специјалист/администратор на бази на податоци со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/систем администратор за поддршка со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/администратор за имплементација и обука со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/мрежен администратор со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/администратор за ИТ сигурност со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад ИТ специјалист/програмер-проектант со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство
  • 1 (еден) извршител на работно место со звање ИТ специјалист/програмер - аналитичар со VII1 ЕТФ или ПМФ, со 1 година работно искуство

II. ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ

  • 2 (два) извршители на работно место со звање помлад ИТ специјалист за одржување на информациониот систем со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство

III. ВО УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА

  • 1 (еден) извршители на работно место со звање помлад ИТ специјалист за одржување на информациониот систем со VII1 ЕТФ или ПМФ, без работно искуство

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување на службеници: да е државјанин на Република Македонија; да е полнолетен; да има општа здравствена способност; да не му е изречена мерка на безбедност-забрана за вршење на професија, дејност или должност; да има општа здравствена способност, како и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи.

Заинтересираните кандидати се должни да достават Пријава за вработување на службеник во Управата за јавни приходи во пропишаниот образец.

Пријавата за вработување, кандидатите може да ја преземат од веб страната на УЈП (кликни тука) или да ја подигнат во архивата на УЈП - Генерална дирекција – Скопје (бул. “Кузман Јосифовски Питу” бр. 1, Скопје) и во архивата на УЈП - Регионална дирекција Скопје и Регионална дирекција Битола.

Пополнетите пријави кандидатите може да ги достават електронски, преку пошта или лично во архивата на Управата за јавни приходи:

 е-пошта: vrabotuvanje@ujp.gov.mk

 Адреса:

 

Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
Сектор за човечки ресурси
бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1 (Комплекс Банки)
1000 Скопје

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување на службеници во Управата за јавни приходи.

За избор на кандидат во горенаведените звања за кои не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју.

Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија