|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
|
|
|
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
31 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Тип на отворен повик: Јавна набавка |
Датум на објава: 18.08.2014 |
- Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје има потреба од ангажирање на стручно лице во функција на набљудувач во постапка на евалуација на примените понуди за Проект TAIB 2010 P.F 3.4 (EuropeAid/136157/ID/ WKS/MK) - Реновирање и адаптација на приземјето на Управа за јавни приходи, Регионална дирекција, Скопје со цел да биде новиот Контакт центар / Повикувачки центар на УЈП.
Лицето ќе биде ангажирано како набљудувач во постапката за евалуација која ќе ја спроведува Комисијата за евалуација, односно како стручно лице кое треба да помага и да дава совети и стручно мислење на членовите на Комисијата за евалуација и треба да присуствува на сите состаноци на Комисијата за евалуација, според барањата на Управата за јавни приходи.
Лицето треба да биде на располагање на Управата за јавни приходи во периодот од 07.10.2014 до 01.12.2014 година и ќе биде ангажирано најмногу до 45 календарски дена.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор и ќе му се исплати надоместок за извршените услуги во нето износ од 30.000,00 денари.
- За стручно лице - набљудувач при постапка на евалуација на понудите ќе се избере кандидатот со најдобри квалификации, потврдени врз основа на бараните и доставени документи.
Потребни квалификации:
• Образование - Дипломиран градежен инженер (со најмалку завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС) или Дипломиран инженер архитект (со најмалку завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС)
• Најмалку 5 години работно искуство во струката
• Овластување Б за изработка на проектна документација
• Познавање на англиски јазик (читање и пишување)
Напомена: Работен јазик на Комисијата за евалуација при спроведување на постапката за евалуација e англиски јазик.
• За предност ќе се смета претходно искуство во евалуација на тендери (финансирани преку ИПА или согласно домашна регулатива).
Напомена: Лицата кои учествувале во изработка на техничкиот дел на тендерската документација или се вработени во правно лице кое ќе достави понуда за Проект TAIB 2010 P.F 3.4 (EuropeAid/136157/ID/WKS/MK) не можат да бидат ангажирани како стручно лице - набљудувач.
- Документација што треба да се достави за да се потврди исполнувањето на потребните квалификации:
• CV на Europass образец http://europass.cedefop.europa.eu/en/documents/curriculum-vitae/templates-instructions
• Копија од уверение за завршено соодветно образование
• Копија од овластување Б за изработка на проектна документација
• Изјава за познавање на англиски јазик
• Изјава за претходно искуство (доколку има) во евалуација на тендери (финансирани преку ИПА или согласно домашна регулатива), со листа на тендери за кои е вршена евалуација (вид на тендер, договорен орган и година)
• Изјава дека лицето не учествувало во изработка на техничкиот дел на тендерската документација за Проект TAIB 2010 P.F 3.4 (EuropeAid/136157/ID/WKS/MK).
- Краен рок за доставување на документите е заклучно со 25.08.2014 година. Документите се поднесуваат преку Архива или преку пошта на следната адреса:
Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје
Сектор за општи и заеднички работи
бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје
со назнака "За Оглас за ангажирање на стручно лице - набљудувач при евалуација на понуди".
За подетални информации: 02/3299-597, 02/3299-623.
|
|
|
|
|
|
|
|