Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.02/2013 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 19.06.2013 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/08...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...39/12), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на РМ за 2013 година („Службен весник на РМ”, бр.178/2012) и Одлука бр.07-4196/1 од 17.06.2013 година, Управа за јавни приходи објавува


ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2013
за вработување во Управа за јавни приходи


Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 1 (еден) извршител, за следното работно место:

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП

1) 1 (еден) извршител на работно место со звање помлад асистент за утврдување на данок, со завршен VII/1 степен на образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС од областа на општествени науки, без работно искуство во струката, со основна плата во бруто износ од 40.745,15 денари.

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:

Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.02/2013“

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од
страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 1) за кое не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју за што ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија