Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Преглед на образец
Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка
Кратко име: ДД-ОМА/1
Тип на данок: Данок на добивка

Согласно Законот за данокот на добивка, обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија, имаат право на ослободување од плаќање на износот на месечните аконтации на данок на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.
За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка до Управата за јавни приходи најдоцна до 5-ти наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на месечните аконтации на данок на добивка за временскиот период за месеците ноември, декември 2020 година како и за јануари и февруари 2021 година.

Поднесувањето на Барањето се врши преку системот http://etax.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето.

Pdf_16   Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка   (81 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија