FISCALIS
Fiscalis претставува ЕУ програма во рамките на Генералниот директорат за даноци и царина (DG TAXUD) под раководство на Европската комисија, чија oсновна цел е да се подобри соодветното функционирање на даночните системи во внатрешниот пазар преку зголемување на соработката помеѓу земјите учеснички, нивните администрации и службеници во полето на даноци. Освен даночните администрации на Земјите членки на Европската унија, програмата е отворена и за даночните администрации на земјите со кандидатски статус.
Управата за јавни приходи беше корисник на програмата „Fiscalis 2013“ во периодот 2009-2013 година, а во периодот 2014-2020 година е корисник на програмата „Fiscalis 2020“.
Fiscalis 2020 овозможува финансиска поддршка на следните активности:
- Заеднички активности (семинари, работилници, работни посети, студии);
- Градење на Европските Информациони Системи;
- Активности за заеднички обуки за поддршка на потребните професионални вештини и знаења во врска со оданочувањето.
Учество во активности и настани (работилници, семинари, проектни групи, работни посети) организирани во рамки на Програмата на ЕУ - Фискалис 2020:
- 2014 година – 25 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 14 настани;
- 2015 година – 24 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 10 настани;
- 2016 година – 12 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 8 настани;
- 2017 година – 37 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 21 настани (4 вработени од Царинската управа учествуваа на работна посета организирана во рамки на програмата Фискалис 2020);
- 2018 година – 47 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 28 настани;
- 2019 година – 42 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 19 настани;
- 2020 година – 12 вработени од Управата за јавни приходи учествуваа на 15 настани.
TAIEX
TAIEX е ЕУ инструмент за техничка помош и размена на информации, управуван од страна на Генералниот директорат за проширување, кој им помага на земјите кориснички да се запознаат, да го применуваат и спроведуваат правото на ЕУ, како и следење на нивниот напредок, со што би се овозможило приближување до ЕУ преку споделување на искуства и знаења од страна на Земјите членки.
TAIEX овозможува техничка и финансиска помош на следните активности:
- Работилници
- Експертски мисии
- Студиски посети
Управата за јавни приходи активно ја користи техничката поддршка што ја дава TAIEX во полето на даноци, преку низа на работилници, експертски мисии и студиски посети.