- Со плаќањето данок го помагате развојот на културата!
Се викам Данче Голубовска, кустос во Стоби.
Низ градбите
на старите Римјани
научив многу за минатото. Културата на старите
Римјани не се потпирала
само врз градење на
уникатни објекти
туку и врз градење
на силна држава.
Јас верувам дека секој од нас
е важен дел во изградбата
и затоа редовно
плаќам данок и го
помагам развојот на културата,
бидејќи мојата татковина
го заслужува тоа.
- Со плаќањето данок го градите својот град!
Предраг Андонов, дипломиран инженер архитект.
Ова е мојата ќерка Елена.
Макетата пред нас е
мојата визија
за нашиот град во иднина.
Ние двајцата посакуваме да
живееме и да создаваме во
модерен, функционален и убав град. Таков да им го
оставиме и на поколенијата.
Бидејќи сакам овој сон
да ми стане стварност,
редовно плаќам данок.
Кога секој од нас
би го плаќал данокот,
оваа макета би
станала вистински град,
за нас и за нашите деца.
- Со плаќањето данок го помагате здравството!
Јас сум Надица од IV-б
и шушкам кога зборувам.
Тоа на мама и е симпатично.
Не ми пречеше се
до есента кога се преселивме.
Сега учам во друго училиште
Во одделението сме 29 деца.
Некои ми се потсмеваа
што шушкам и што
имам криви заби. Тоа ме растажува и затоа
тато ме однесе на забар.
Ми ставија протеза и рекоа
дека се ќе биде добро.
Среќа што постојат забари,
но тато вели дека ако сите плаќаат данок,
ќе сме имале многу
подобро здравство.
- Со плаќањето данок сите ќе имаме повеќе работа!
Ние сме браќата Елези, приватни угостители.
Меракот за угостителството
го наследивме од татко ни...
На времето и тој
имаше ќебапчилница.
Кога ја презедовме
работата во дуќанот
бевме 3 вработени,
а сега сме 24.
Петнаесет фамилии
живееме од ова.
И уште ќе растеме,
зашто редовно плаќаме данокот.
Така се прави во секоја
напредна земја.
Ако сите плаќаме данок,
за сите ќе има повеќе работа.
- Со плаќањето данок го помагате образованието!
Моето име е Ремзија Елмази,
наставничка сум по математика.
На 25 годишна возраст се вработив
и се сретнав со оваа
иста училишна табла
на која сеуште пишувам.
Знаете, на училиштето
му треба подновување,
му требаат нови табли, компјутери.
Без тоа многу ќе заостануваме зад времето...
Затоа ги учам децата,
дека треба да се вложува,
не само во себе, туку и во заедницата.
Ги учам дека редовното плаќање на данокот
е обврска на секој,
за да можат децата и утре
да учат во добри училишта.
- Со плаќањето данок помагате да се намали невработеноста!
Јас сум Христијан Панов, невработен.
Порано заработував по некоја пара,
подработував овде-онде,
на диво...
Никаде не ме пријавуваа.
Некои ме лажеа дека
ме пријавуваат,
други дека ќе ме пријават,
а мене така ми минаа годините.
До сега немам ни еден ден стаж.
Кога газдите редовно
би го плаќале данокот,
ќе се отворат повеќе работни места и
ќе има помалку невработени...
Треба и ние невработените
да живееме, да се вработиме и
да работиме нормално.
- Со плаќањето данок ја градите својата земја!
Работам во градежно претпријатие.
Се викам Горан Тренчевски.
Последните 6 месеци
сум надзорник на овој
мост во изградба.
Немам високо образование,
но знам што е добро за мојата земја.
Па нели цел живот
градам мостови,
патишта и тунели?
За жал иако мостовите
ги премостуваат разликите
и ги поврзуваат луѓето, тие не
се градат сами од себе.
Градењето мостови
чини многу. Затоа
треба да се плаќа данок.