Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

16.12.2007
Во врска наводите изнесени на конференцијата за печат на СДСМ од 15.12.2007
УЈП апелира политичките партии да не ја користат Управата за јавни приходи за дневно-политички настани, туку активно и конструктивно да учествуваат во јакнење на институциите во Република Македонија.
 
10.12.2007
Повлекување на продажбата на имотот на даночниот должник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО
Заради спречување на штетите и последиците за евентуалните купувачи на имотот предмет на јавна аукција која требаше да се одржи на 20.12.2007 година, Управата за јавни приходи – Генерална Дирекција на 08.12.2007 година го повлече Огласот за продажба на движен и недвижен имот по пат на усна аукција за неплатен даночен долг на даночниот должник Југосвен Гевгелија – Турист и Корнелија ДОО објавен на 03.12.2007 година.
 
08.12.2007
Затворени 7 салони за убавина во Скопје
Во текот на вчерашниот ден/петок, 07.12.2007/, Управата за јавни приходи – Регионална Дирекција Скопје изврши контрола на финансиското работење на салоните за убавина (козметички и фризерски салони). Контролите беа извршени заедно и координирано со инспектори од Фондот за ПИОМ и Фондот за здравсто.
 
08.12.2007
Повлекување на огласот за продажба на движен и недвижен имот на ЈУГОСВЕН ГЕВГЕЛИЈА – ТУРИСТ И КОРНЕЛИЈА ДОО
Министерство за финансии - Управа за јавни приходи, Генерална Дирекција го ПОВЛЕКУВА Огласот за продажба на движен и недвижен имот по пат на усна аукција за неплатен даночен долг на даночниот должник ЈУГОСВЕН ГЕВГЕЛИЈА – ТУРИСТ И КОРНЕЛИЈА ДОО, објавен во „Дневник„ на 03.12.2007 година, стр. 13.
 
07.12.2007
Наплатата на ДДВ поголема за 29%
За 11 месеци, на барање на македонските фирми и даночни обврзници, Управата има реализирано враќање на ДДВ во висина 14.654.204.866 денари. Просечниот месечен поврат на ДДВ за овој период изнесува 1.332.2000.442,00 денари.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија