Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
08.12.2007
Во текот на вчерашниот ден/петок, 07.12.2007/, Управата за јавни приходи – Регионална Дирекција Скопје изврши контрола на финансиското работење на салоните за убавина (козметички и фризерски салони). Контролите беа извршени заедно и координирано со инспектори од Фондот за ПИОМ и Фондот за здравсто.
|
|
07.12.2007
За 11 месеци, на барање на македонските фирми и даночни обврзници, Управата има реализирано враќање на ДДВ во висина 14.654.204.866 денари. Просечниот месечен поврат на ДДВ за овој период изнесува 1.332.2000.442,00 денари.
|
|
23.11.2007
Со донесувањето на Измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка не само што ќе се зајакне положбата на Управата за јавни приходи и фискалната дисциплина во Р. Македонија, туку и ќе се обезбеди еднаков и фер третман на даночните обврзници, што е и основна цел на УЈП.
|
|
02.10.2007
Во рамките на планираните активности во делот на надворешната контрола, од 27 од 29 септември 2007 година на подрачјето на сите регионални дирекции, Управата за јавни приходи спроведе инспекциски контроли по основ на примена на Законот за игри на среќа и забавни игри.
|
|
26.09.2007
Наместо досегашното оданочување со општата даночна стапка од 18%, од 29.09.2007 се воведува бенефицирано оданочување по стапка од 5% за следните добра и услуги ...
|
|