Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

16.02.2010
Поднесени 60.087 Годишни извештаи
Според последните, но не и конечни податоци, 60.087 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година, со што се исполнија и очекувањата на Управата за јавни приходи. Управата ќе инститира на точно запазување на роковите и изрекување на казни не само за неподнесување, туку и за задоцнето поднесување на даночните пријави и извештаи. Заради благовремено сервисирање на даночните обврзници, посебно во делот на враќањето на ДДВ-то, гореспомената мерка еднакво ќе се применува за сите даночни обврзници.
 
16.02.2010
До 28 февруари - Пријавување на данокот на добивка и “годишен данок на вкупен приход“
Правните лица, заради утврдување на данокот на добивка за 2009 година, имаат обврска да поднесат „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец “ДБ”). Даночните обврзници кои оствариле вкупен приход во секоја од последните три години од кој било извор не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво...заради утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“ имаат обврска до УЈП да достават образец “ДБ-ВП“ и “РДО-ВП“. Видете и повеќе за начинот на пополнување на “ДБ“ ...
 
11.02.2010
До 19 февруари - Поднесување на барање за плаќање на рати на даночни долгови за јавни претпријатија
Со донесувањето на Законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва основани од Р.М., односно од општините или Град Скопје, се овозможува плаќање на најмногу 120 месечни рати со грејс период од најмногу 36 месеци, за даночните долгови до 31.12.2009 година на даночните должници: јавни претпријатија и трговски друштва основани од Р.М., односно од општините или Град Скопје. Даночните должници, за да го остварат правото треба да поднесат Барање (образец “БПР“) до надлежната УЈП ...
 
11.02.2010
До 15 март - Поднесување на Годишна даночна пријава за остварените приходи во 2009
Се наближува крајниот рок, 15 март 2010 година, до кога граѓаните треба да ги пријават остварените приходи во изминатата година до Управата за јавни приходи. До денес, само 698 физички лица ја исполниле својата обврска, а се очекува над 150 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава до крајот на рокот. Апелираме граѓаните својата обврска да ја исполнат што порано, со цел избегнување на метежот во даночните канцеларии во последните денови пред истекот на рокот за поднесување на даночната пријава.
 
08.02.2010
Истекува рокот за поднесување на Годишни извештаи
Заради запазување на рокот за поднесување на Годишните извештаи, сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката ќе работат и за време на викендот, на 13-ти и 14-ти февруари 2010 година, од 08.30 до 16.30 часот. До 5 февруари, само 2.116 даночни обврзници ја исполниле својата обврска и поднеле образец “ПДД-ГИ”, односно “ПДД-ГИ/ОЗП”. Според податоците на УЈП, бројот на поднесени извештаи за исплатени приходи во 2009 година треба да достигне шеесет илјади.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија