Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

03.03.2010
Самостојни вршители на дејност - Пријавете добивка/загуба и годишен данок на доход
Најдоцна до 15 март 2010 година, трговците поединеци и граѓаните кои остваруваат приходи од: занатечиска дејност, земјоделска дејност, самостојна дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи, за остварената добивка/загуба од работењето за 2009 година, имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Даночен биланс (образец “ПДД-ДБ”).
 
02.03.2010
Во законскиот рок – поднесени 71.906 даночни биланси
Според последните, но не и конечни податоци, заклучно со вчерашниот ден/1март, до Управата за јавни приходи се поднесени вкупно 71.906 даночни биланси. За утврдување на данокот на добивка својата обврска навремено ја исполниле 48.516 правни лица, додека даночен биланс за годишен данок на вкупен приход поднеле 23,390 микро и мали бизниси.
 
01.03.2010
Денеска сите даночни канцеларии ќе работат до 20 часот
Ги информираме даночните обврзници дека денес/1март 2010/, кој е и крајниот рок за поднесување на даночни биланси до Управата за јавни приходи, сите даночни канцеларии ќе работат до 20 часот. Заклучно со вчерашниот ден/28 февруари/, до УЈП се поднесени вкупно 58.950 даночни биланси, од кои 39.539 поднеле правни лица за утврдување на данокот на добивка, и 19.411 мали и микро бизниси за утврдување на “годишниот данок на вкупен приход“.
 
26.02.2010
Пред истекот на рокот - Поднесени 28.073 даночни биланси
Од очекуваните 42 илјади, образец “ДБ“ за пријавување на данокот на добивка за 2009 година, поднеле 17.678 правни лица. Даночен биланс за вкупен приход (образец “ДБ-ВП“) пред истекот на рокот поднеле 10.395 мали и микро бизниси, од вкупно 25 илјади кои ја имаат ваквата обврска.
 
25.02.2010
Даночен кредит за расходите со одложено признавање
Со оглед на се почестите јавувања од страна на даночните обврзници по однос на давање на дополнителни појаснувања за начинот на утврдувањето на износот на даночниот кредит кој се искажува во Даночниот биланс (образец ДБ) во делот за оданочување на непризнаени расходи под Б. ДАНОЧЕН КРЕДИТ ЗА РАСХОДИТЕ СО ОДЛОЖЕНО ПРИЗНАВАЊЕ, ве информираме за следното ...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија