Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
27.05.2010
Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. За постапката и начинот на давање и примање на донација, односно спонзорство, видовите на даночни поттикнување преземете ја новата брошура „Давање и примање на донации и спонзорства“.
|
|
25.05.2010
Во периодот од 13 до 26 април 2010 година, во работна посета на Управата за јавни приходи претстојуваше експертскиот тим на Мисијата на ММФ. Во Извештајот е нотиран исклучителниот прогрес кој УЈП го има остварено во услови на особено тешко опкружување, како резултат на глобалната економска криза. Посебно е истакнат делот на имплементацијата на Стратегијата за управување со ризиците во однос на исполнување на даночните обврски, како и реализираниот спектар на структурни реформи постигнат во периодот од 2009 и почетокот на 2010 година.
|
|
12.05.2010
Како позитивен пример за имплементиран систем на Интегрирана наплата на социјални придонеси и даноци (концепт „Бруто-плата“), по препорака на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), од 26 до 30 Април 2010 година, делегација од Виетнамската даночна администрација ја посетија Управата за јавни приходи.
|
|
20.04.2010
Документот ги обезбедува генералните насоки како приоритетни цели, мерките кои треба да се преземат за нивно реализирање и активностите, кои со доследна примена од страна на вработените во УЈП и со соодветно финансирање, ќе обезбедат реализација на нашата мисија и визија.
|
|
06.04.2010
Без чекање на шалтери и заштеда на вашето време, поднесување на даночна пријава 24 часа/7 дена, намалување на човечки грешки при пополнувањето... се неколку причини зошто треба да се регистрирате и да го користите системот http://etax.ujp.gov.mk/ за електронско поднесување на даночни пријави. Ги повикуваме даночните обврзници да ги посетат обуките на УЈП, на кои практично ќе бидат презентирани функционалностите на е-Даноци и начинот на поднесување на пријави преку интернет.
|
|