“При утврдување на најниската и највисоката основица за пресметување и плаќање на придонеси за февруарската плата 2009 година, како просечна бруто плата се зема објавената бруто плата за месец ноември која изнесува 27.507,00 денари. Најниската основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 13.753,50 денари (50% од 27.507,00 денари), а највисоката основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 110.028,00 денари (4X27.507,00 денари), и истите ќе се применуваат во текот на цела 2009 година.“ (*Министерство за финансии, бр. 02-7919/1 од 27.02.2009 година)