Ги информираме даночните обврзници дека на 28-ми февруари 2009 година/сабота, од 08.30-16.30 ќе работат службите за прием на даночни пријави во сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката.
Истовремено, ги потсетуваме обврзници дека приемот на даночните пријави:
- Даночен биланс (образец “ДБ”)
- Консолидиран даночен биланс (образец “КДБ”)
- Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”)
- Пријава за регистрација на годишен данок на приход (образец “РДО-ВП”) и
- Известување за намалување по основ на реинвестирање (образец “ДД-ИН”)
ќе се врши и на 2-ри март/понеделник, бидејќи крајниот рок за поднесување на истите се паѓа во неработен ден.