Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
05.08.2022
НАПРЕДНИОТ СКЕНЕР ОД АПЛИКАЦИЈАТА МОЈ ДДВ Е ДОСТАПЕН НА АЖУРИРАНАТА ВЕРЗИЈА НА APPLE APPSTORE И HUAWEI APP GALLERY, СЕ ЧЕКА И ОДОБРУВАЊЕ ЗА PLAYSTORE ОД GOOGLE

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија