Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
19.05.2022
ПРЕКУ МЕРКАТА МОЈ ДДВ ЗА ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД ГОДИНАВА КАЈ ГРАЃАНИТЕ ВРАТЕНИ 491,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека на сметките на граѓаните исплатени се вкупно 491,5 милиони  денари по основ на поврат на дел од ДДВ од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во првото тримесечје во оваа година. Средства се исплаќаат  и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле  корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ со цел навремена исплата.

Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице. 

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, односно од јануари до март 2022 година, скенирани се 73 041 591 фискални сметки.  Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте, и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15 777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, а вкупниот број на регистрирани корисници  на „Мој ДДВ“  досега изнесува 457.090 корисници. 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија