Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
07.04.2022
ПРИСТИГНУВААТ КРАЈНИТЕ РОКОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ ЗА ДЛД И ДД ЗА 2021 ГОДИНА!

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници во законскиот рок да ги платат годишните даночни обврски за 2021 година.

Заради поместување на роковите за поднесување на даночните биланси за 2021 година, се поместија и роковите за плаќање на даночните долгови кои произлегуваат од истите.

Даночните обврзници СВД и ТП треба да ја исполнат обврската за плаќање на данокот по Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност "ДЛД-ДБ" за 2021 година до 11 Април 2022 година.

Даночните обврзници кои данокот го пресметуваат преку Даночен биланс за оданочување на добивка "ДБ", Даночен биланс за вкупен приход "ДБ-ВП" и Даночен биланс на непрофитни организации "ДБ-НП/ВП" треба да ја исполнат обврската за плаќање на данокот за 2021 година:

  • до 11 Април 2022 година, доколку до ЦРРСМ поднеле годишна сметка во хартиена форма (со рок за поднесување до 10.03.2022 година)
  • до 26 Април 2022 година, доколку до ЦРРСМ поднеле електронска годишна сметка (со рок за поднесување до 25.03.2022 година)

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172 Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:

  • отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето
  • УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата
  • повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспените месечни рати и др.

Подетални информации за условите и постапката за одобрување на одложеното плаќање може да најдете во брошурата Одложено плаќање на даночен долг.

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија