Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.02.2021
ПРЕС УЈП И АМС - ДОНАЦИИ ВО СПОРТОТ ПРЕКУ МЕРКАТА ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ

Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските субјекти и на тој начин да се придонесе кон подобри услови за напредок на спортот и постигнување на успешни спортски резултати на национално и меѓународно ниво - рече Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес конференција.
Преку овој концепт, во 2019 година 639 компании донирале 492 931 010 денари на 377 спортски субјекти, а во 2020 година 677 компании донирале 547 798 298 денари на 677 спортски субјекти.
Лукаревска истакна дека оваа мерка која се спроведува од 1 јануари 2019 година преку Управата за јавни приходи, на компанијата која донира во спортот, и се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт. Постапката е целосно електронска со тоа што даночниот обврзник преку електронскиот систем на Управата за јавни приходи е-Даноци поднесува барање, а УЈП врши проверка на расположливите средства на ваучерот. Барањето се потврдува доколку искажаниот износ е понизок или еднаков на расположливите средства од ваучерот, а доколку тој износ е повисок од расположливите средства од ваучерот барањето се одбива. Компанијата , потоа електронски ја известува УЈП за извршената донација и кон известувањето доставува и доказ за извршената донација (налог за извршена уплата на наменска сметка и извод од банка). По ова известување, Управата за јавни приходи го потврдува или го одбива правото на намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства. Компанијата преку оваа мерка може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт, а по исклучок може да донира и во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт.


Директорот на АМС истакна дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД 19, е висока и изнесува 89% што ни дава со право да констатираме дека ова е вистинска мерка и дека вистински се искористува во спортот и стигнува до крајните корисници – националните спортски федерации, клубови и спортисти. Системската поддршка што ја добиваат спортските субјекти од страна на државата е клучна за остварување високи спортски резултати и за достоинствен живот и услови за работа на сите спортисти и спортистки, професионално и рекреативно. Со овој систем на распределба ја зголемуваме мотивацијата и интересот за спонзорирање на стопанските субјекти во спортот.
Овој модел веќе даде одлични резултати во спортот за изминатата година и со тоа спортот и спортистите ги дигаме на пиедесталот во ова наше општество – рече Мојсовски.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија