Memorandum_mk
10.11.2020
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА БФП-ИП/2 И БФС-СВД/2 ДО 12 НОЕМВРИ 2020

Се известуваат даночните обврзници и сметководители дека рокот за поднесување на Барањата за финансиска поддршка образец БФП-ИП/2 и образец БФС-СВД/2 се продолжува до 12 ноември 2020 година.

Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, и Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец.

Поради подоцнежна објава во Службен весник на РСМ на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија