Memorandum_mk
10.11.2020
РАБОТОДАВАЧИ ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ (ОБРАЗЕЦ БФП-ИП/2) КОЕ Е ДОСТАПНО НА Е-ДАНОЦИ

Врз основа на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020),за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/2) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година (образец БФП-ИП/2) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Корисни информации:
Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија