Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи  третото тримесечје од МојДДВ.   За месеците јануари, февруари и март 2020  година на граѓаните кои скенирале фискални сметки  ќе им бидат исплатени вкупно  343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во  овој период скенирани се вкупно  49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.
Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ,  и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните.  За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари  односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.
Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во  мај 2020 година!
Управата за јавни приходи се уште врши  исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците а во меѓувреме  истите ги  ажурирале.