Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници доследно да ги применуваат и исполнуваат обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кој плаќањето се врши во готово, должни се да воведат и користат фискален апарат и задолжително да издаваат фискална сметка, односно да ги регистрираат извршените готовински плаќања.
Заради целосно спроведување и примена на Законот од страна на даночните обврзници, во наредниот период Управата за јавни приходи ќе врши засилена контрола и инспекциски надзор во делот на фискализацијата.