Memorandum_mk
24.04.2007
Модернизација на надворешната контрола на УЈП

Во рамките на Проектот – Модернизација на УЈП, и во соработка со FAD мисијата на ММФ, Управата за јавни приходи пристапи кон имплементирање на современите методи во спроведување на инспекцискиот надзор и нов начин на организација на надворешната контрола.

Реорганизацијата и модернизацијата на инспекциската служба на УЈП вклучува воспоставување на современи принципи на работа, втемелени на системот на анализа на ризик, што за крајна цел има зголемување на ефикасноста, намалување на „случајните„ контроли, односно вршење на инспекциски надзор онаму каде постојат највисоки индикации за ризик.

Активностите кои во изминатиот период ги презема УЈП, а се во согласност со новата Статегијата за надворешната контрола се:

• зајакнување на капацитетите на надворешната контрола;
• воспоставување на систем на анализа на ризик;
• имплементирање на нова методологија на мерење на квалитет и учинок;
• примена на нови системи на избор на контроли и
• подобрување на методите и техниките на надворешна контрола.

Новата методологија на работа на надворешната контрола на УЈП ќе овозможи идентификување на недисциплинираните даночни обврзници и нивно санкционирање.
 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија